Книга: „Вистина“ – куса историја на чисти глупости
Книгата „Вистина“ на Том Филипс зборува за вистината и за сите генијални начини на кои човечкиот род низ историјата успевал да ја избегне.
Ние секојдневно пливаме во море од бесмислици, полувистини и безочни лаги. Лажеме и сме лажеле. Нашиот социјален живот се заснова на постојан проток на ситни добронамерни лаги. Редовно нè лажат политичари, медиуми, продавачи и други, а вистинската неволја е што тоа поминува: многу лесно наседнуваме на добро обликувана лага, а можеби најбројни лаги се оние што си ги кажуваме себеси. Каде и да се свртите, ќе видите злокобни предупредувања дека живееме во доба на „поствистина“. Вистинската вистина за лагите ве чека на страниците на оваа книга (ако сте доволно наивни да поверувате во тоа). Ова е забавно патување низ најневеројатните и најгенијалните лаги кои луѓето ги изговарале и ги испишувале низ вековите.
コメント