Книга: „Бризбејн“ – илузија и утописки идеал?
14.09.2021 Septemvri Vtornik
Романот „Бризбејн“ на Евгениј Водолазкин e прогласен за книга на годината во Русија за 2019 година.
Евгениј Водолазкин во својот нов роман ја продолжува приказната за јунаците (исто како и во „Лавр“ или во „Авијатичарот“) чија судбина – како во античките трагедии – наеднаш и веднаш се менува. Глеб Јановски е музичар, виртуоз што на врвот од својата слава ја губи можноста да настапува поради болест и се обидува да најде нова смисла на својот живот, нова потпорна точка. Во тоа му помага минатото: се обидува да ги собере заедно сеќавањата од детството во Киев, од младоста во Ленинград, од сегашноста во Минхен. Само Бризбејн го нема меѓу тие животни патешествија. Дали воопшто постои таков град? Или тоа е само илузија, мечта, утописки идеал?
Comments