Книга: „Божествена комедија“ – енциклопедија на средновековието
Божествена комедија“ на Данте Алигиери е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновековието“.
Оваа поема претставува прониклива христијанска визија за амбивалентната природа на човековата судбина, од една страна како краткотрајна, а од друга страна како бесконечна. „Божествена комедија“ исто така може да се чита и како алегорија што ги отсликува општествено-политичките проблеми што ги сведочел и во кои учествувал и самиот Данте. Тој во поезијата наоѓа средство за посочување на крвавиот хаос на земјата и помеѓу луѓето, за нивниот стремеж за власт и насилство, а во исто време и средство за осветлување на возвишеното и на Доброто.
Данте Алигиери (1265 – 1321) е италијански поет и една од најважните фигури во светската литература.
Comments