Книга: „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ – да се биде различен
„Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ на Фредрик Бакман е шармантен роман за девојче чија баба умира и остава зад себе серија писма, испраќајќи ја малата внука на патување што го оживува светот на бајките измислен од нив двете. Со писмата започнува најголемата авантура на Елса.
Елса има седум години и е поинаква од своите врснички. Нејзината баба има седумдесет и седум години и е тотално откачена. На пример, има навика од својот балкон да гаѓа непознати луѓе со пејнтбол-топчиња. Бабата е најдобрата, всушност, единствената другарка на Елса. Ноќе Елса се засолнува во приказните на баба си, во чудесната Земја на речиси будните и во кралството Мијама, каде што сите се поинакви и никој не мора да биде нормален. Со комична точност и со исцртување сосема нова реалност, Бакман нуди приказна за животот и смртта и за едно од најважните човекови права: правото да се биде различен!
Comentarios