top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: „Аферата Кристи“ – за изчезнувањето на Агата Кристи

„Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт е фикционализирана приказна за исчезнувањето на големата писателка Агата Кристи.

Дамата-романописец, како што ја нарекувале некои весници, станала предмет на една од најголемите потраги по исчезнати личности во британската историја во која се вклучила полицијата, голем број кучиња-трагачи, цела армија доброволци, но и колегите-писатели на крими-романи како Дороти Л. Сејерс, Артур Конан Дојл, а секако и нејзиниот сопруг Арчибалд Кристи. Иако никогаш јавно не проговорила за овој настан, постојат мислења дека таа исчезнала како казна за сопругот кој ја изневерил.

Во книгата како наратор се појавува љубовницата на Арчи, Нан О’Ди, која многу вешто го вовлекува читателот во сите настани што претходеле на исчезнувањето, но и за тоа што се случувало во текот на тие денови. Ова е роман што опфаќа повеќе жанрови – психолошка драма, историска фикција и мистерија.


4 views

תגובות


bottom of page