top of page

Книга: „Антропологија и сто други раскази“ – составени од 101 збор

Збирката „Антропологија и сто други раскази“ на Ден Роудс содржи 101 расказ, секој составен од 101 збор.

Формалното правило секој расказ да има 101 збор (ова правило е задржано и во преводот на македонски јазик) на книгата ѝ обезбедува хомогеност на стилски многу прецизно изведено дело. Лесни за читање, забавни, сепак обоени со длабока тага поради минливоста на нештата, овие микрораскази со трагикомична иронија и горчлив хумор прикажуваат низа варијанти во кои може да се оствари љубовта. Роудс најчесто се интересира за крајните точки меѓу кои може да осцилираат емоциите на човекот: параноидни фантазии што стануваат реалност, мазохистичка вљубеност во другиот, сурова нетрпеливост кон партнерот, невообичаено голема посветеност што преминува во понижување, претерана наивност и доверба… Ваквата мрачна визија за меѓусебните односи станува интересна за читање поради способноста на авторот преку корозивната смисла за хумор да ја релативизира секоја од раскажаните ситуации.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page