Книга: „Viola arsenica“ – белешки за поезијата од Влада Урошевиќ
Во книгата „Viola arsenica; белешки за поезија“ авторот Влада Урошевиќ ги искажува своите сфаќања за поезијата и поетската уметност, а се состои од извадоци од негови есеи, разговори, интервјуа, говори, автобиографски текстови, поговори.
„Во книгата се опфатени записи од целиот творечки живот на Урошевиќ. Првите текстови датираат од 1959 година, а некои од последните текстови се напишани непосредно пред излегувањето на книгата. Книгата на фрагментарен и концизен начин нуди преглед на согледувањата на тоа што за авторот претставува поезијата, нејзините преокупации, цели, суштински карактеристики, како и нејзината иднина во времето кое сè повеќе ја маргинализира“, ќе посочи издавачката куќа „Готен“ која е издавач на книгата во соработка со МАНУ.
Книгата содржи и краток ликовен есеј на авторот на тема „Наука и уметност“, а завршува со фотоесеј на фотографот Роберт Јанкуловски на тема „Авторот и моделот“.
Comments