top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: „Tри нови драми“ – на Венко Андоновски

Овие три драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“ на Венко Андоновски се тематски различни, а толку слични според пораките што ги носат. Впрочем, како и нашите животи. Секој ја води својата битка продолжувајќи го времето со страдање, скратувајќи го со радост, а сопирајќи го со смртта. Но барем може да излезе од својата драма како јунак што го спасува човештвото со љубов. Иако злото се шири полесно и побрзо од доброто, сепак, и кога ќе ја фрли последната карта, доброто во рацете ќе држи уште една – бесмртноста.

Ние би додале – и љубовта, како доказ за човечката добрина, преку која најсигурно се стигнува до бесмртноста. „Драмите се за гледање, а дури потоа за читање“, вели авторот на овие „Три драми“. Но и читателите во нив ќе најдат врвно уживање. Прво, затоа што не се изведени. Второ, затоа што го носат печатот на стилското мајсторство на својот автор. Трето, затоа што, на овој или на оној начин, ни се одигруваат пред очи. А во нив е нашата клучна реплика.


1 view

Comments


bottom of page