Книга: „Teорија на чудноста” – потрага по значењето на животот
09.06.2021 Juni Sreda
Романот „Teорија на чудноста” на Павла Хоракова претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот.
„Во него опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а најмногу од својата работа во Институтот за интердисциплинарни студии за човекот, таа наоѓа забава во забележувањето на ситни, очигледно случајни и невообичаени детали околу неа, пред да сфати дека тие навистина следат одредени обрасци, што резултира со нешто што таа приватно го нарекува ‘теорија за чудноста’. Зголемената опсесија на Ада со потрагата по исчезнатиот син на колешката ја турка на нов пат: и нејзиниот уреден, предвидлив живот одеднаш ќе добие сосема неочекуван пресврт“, ќе истакне издавачот „Македоника литера“ додавајќи дека книгатa е добитник на награда „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.
Comments