Клупска изложба на фотографии „Елема 2023“
Во галеријата „Рудиќ“ е поставена клупската изложба на фотографии „Елема 2023“, која го означува креативниот и творечки континуитетот на ФК „Елема“.
– Како прва годишна клупска изложба, таа ги најавува идните активности на клубот, кои секако ќе бидат претставени во периодот што следува, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата, за што „Елема“ секогаш имал капацитет. Со големата подршка на галеријата „Рудиќ“ и заложбата на членовите на клубот, оваа изложба им стана достапна на љубителите на фотографската уметност, во која искрено се надеваме дека ќе уживате – велат од клубот.
На изложбата се претставени фотографии на реномираните македонски автори: Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ.
Comments