Search
Клубот има максимална доверба во него: Милан ја продолжи соработката со тренерот Пиоли
Италијанскиот прволигаш Милан затвори едно важно прашање и тоа околу иднината на тренерот Стефано Пиоли.
Човекот кој своевремено беше пред отказ во Милано за да потоа направи револоција која кулминираше со совојување на Скудетото минатата кампања ќе остане на „Сан Сиро“ најмалку до 30 јуни 2025 година.
Управата на тимот има максимална доверба во стратегот кој е на оваа функција од октомври 2019 кога го замени Марко Џампаоло. Од него се очекува да биде столб на проектот на Милан, тим кој сезонава заостанува зад Наполи во борбата за Скудетото, додека во ЛШ има се во свои раце за да обезбеди пласман во нокаут фазата.
Стефано ги има водено „црвено-црните“ на 153 мечеви и просечно освојува по 1.97 бодови.
Comments