Клоп соопшти позитивни вести за Луис Дијаз
Ливерпул утре му гостува на Борнмут во Премиер лигата и со евентуална победа ќе се израмни со Тотенхем на четвртото место на табелата, односно ќе дојде до Топ 4 што е главна цел на овој тим до крајот на сезоната.
„Црвените“ ќе треба да го оправдаат статусот на фаворити на теренот и тоа против составот кого го разбија со 9-0 во првиот дел од сезоната што значи дека домаќините ќе имаат свои мотиви да возвратат, да го поправат впечатокот, а воедно не треба да заборавиме дека тие се борат за опстанок и дека бодови мора да се освојуваат осовено кога се игра пред своите гледачи.
Кој ќе биде поуспешен ќе видиме утре од 13:30 часот, а пред истиот менаџерот Јирген Клоп соопшти позитивни вести за офанзивецот Луис Дијаз. Колумбиецот е значаен играч за „црвените“, но тој веќе долго е отсутен и не може да помогне, ситуација која треба да се промени во блиска иднина.
Имено Клоп соопшто дека Луис треба да се врати на тренинзи наредната седмица што е одлична вест за клубот кој цели кон ЛШ.
Германецот воедно истакна дека Џо Гомез се враќа по проблемот со мускулот, меѓутоа уште во аут е Тијаго Алкантара.
Comments