top of page

Клоп распали: За кого е Мундијалот, за навивачите, за играчите или за продавање реклами?

16.06.2026 Juni Vtornik

Германецот ја критикуваше преголемата комерцијализација на Светското првенство

Германскиот тренер Јирген Клоп предизвика реакции на одбрување откако го кажа своето мислење за паузите за хидратација за време на Светското првенство 2026.– Фудбалот стана заложник на шефови во климатизирани канцеларии. Тие таканаречени паузи за хидратација ни беа „продадени“ божем за добро на играчите, но тоа не е ништо повеќе од позлатен кафез изграден за спонзорите – коментираше поранешниот менаџер на Ливерпул за медиумот „ЗДФ“.

Клоп сподели коментар за тоа како тој ги гледа тие паузи.– Ги гледам играчите како стојат наоколу за време на паузата поради топлината, додека рекламите го диктираа темпото на играта. За што навистина служи Светското првенство? За навивачите, за играчите или за продавање реклами? – отворен е Германецот.


 
 
 

Comments


bottom of page