Search
Клоп предупредува за Бенфика: Не смее да ни се повтори дуелот со Интер
- Aleksandar Santovski
- Apr 12, 2022
- 1 min read
Ливерпул си обезбеди солидна предност од првиот натпревар со Бенфика во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но менаџерот Јирген Клоп го спомена дуелот со Интер како добра лекција за неговите фудбалери.
Премиерлигашот славеше со 3:1 во Лисабон, но Клоп смета дека еден примен гол може да донесе драма на теренот.
– Победата 3:1 е само прво полувреме и е подеднакво опасна како победа од 2:0.
– Тоа е добра основа за успех, но ако постигнат први гол како Интер, тогаш натпреварот се менува.
– Го почувствувавме тоа и во Лисабон, кога противникот даде гол работите изгледаа поинаку. Мораме да им дадеме на знаење дека „Енфилд“ е место на кое не сакаат да бидат, – изјавил Клоп.

Comments