Клоп: Пред шест недели не верував во вакво нешто
Ливерпул вчера славеше убедливо над Лестер и останува во трката за Топ 4 пласман, нешто што пред два месеца веројатно беше тешко остварливо сценарио за „црвените“.
Менаџерот Јирген Клоп и самиот признава дека не верувал во ваков расплет, а претходно не пропушташе шанса да потенцира дека неговиот тим не се бори за Топ 4 пласман.
– Наша задача е да продолжиме да правиме притисок над ривалите, но и ова што го направивме ги надмина очекувањата.
– Пред шест-седум недели не верував дека можеме да стигнеме до тука, пред се поради тоа што ни недостасуваше континуитет.
– Знаевме дека со победа си гарантираме место во Лига Европа, што е одлично, додека другото не зависи само од нас. Наша задача е да оствариме максимален број победи до крајот на сезоната, – изјавил Клоп.
На две кола до крајот, Ливерпул има бод помалку, но и натпревар повеќе од Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Comments