Клоп побара преигрување на дербито Тотенхем-Ливерпул
- Aleksandar Santovski
- Oct 4, 2023
- 1 min read
Јирген Клоп се уште не може да го прифати фактот дека неговата екипа беше сериозно оштетена на гостувањето кај Тотенхем, а очигледно не го омекна ниту признанието на судиската комисија и нејзините преземени мерки за санкционирање на судиите.
Во пресрет на новиот настап во Лига Европа, Клоп рекол дека единствена солуција која може да се смета за праведна по неправилно поништениот гол на Ливерпул е натпреварот да биде преигран.
– Објавувањето на аудио снимката не менува ништо, се работи за очигледна грешка.
– Мора да има решение за вакви ситуации, тоа веројатно би требало да биде преигрување на натпреварот, но очигледно тоа нема да се случи.
– Аргументот сигурно ќе биде дека би се работело за преседан, но иако сум навикнат на погрешни одлуки, никогаш не се случило вакво нешто, – изјавил Клоп.

Comentarios