Клоп по серијата откази: Јас сум се уште тука само поради една работа
Ливерпул во саботата доживеа убедлив пораз од Манчестер Сити, а веќе утре за противник ќе го има Челси.
Лондонскиот клуб го отпушти Греем Потер и со привремен стручен штаб ќе му се спротивстави на Ливерпул, а Клоп денеска зборувал пред новинарите и за својот статус, имајќи предвид дека „црвените“ имаат разочарувачка сезона.
– Свесен сум дека се уште сум овде поради минатото, а не поради тоа што го прикажуваме сезонава.
– Ако ова ми беше прва сезона, работите ќе беа поинакви, – признава Клоп.
– Имаме паметни сопственици кои знаат што се случува, но тоа не значи ништо. Не се плашам од отказ, но сигурно и Потер не се плашел од отказ пред да го добие.
– Мразам што сум овде пред вас благодарение на постигнатото изминатите сезони, но ќе видиме што ќе донесе такво нешто, – изјавил Клоп.
Премиерлигашкото дерби Челси-Ливерпул се игра утре од 21 часот.
Comments