Клоп откри дека го избрал новиот капитен на Ливерпул поради неговиот изглед: Најдобро ќе стои на сли
Клоп откри дека го избрал новиот капитен на Ливерпул поради неговиот изглед: Најдобро ќе стои на сликитеЛиверпул вчера ги избра новите капитени во првиот тим по заминувањата на Џордан Хендерсон и Џејмс Милнер, со тоа што Вирџил Ван Дајк ќе биде прв капитен, а Трент Александер Арнолд негов заменик.
Оваа одлука самостојно ја донесе Јирген Клоп кој уште по заминувањето на Хендо најави дека нема дилеми околу неговиот наследник, па откако информацијата стана официјална, сега со интересна изјава се јави и Германецот.
Менаџерот на Ливерпул вели дека на прво место го избрал Холанѓанецот поради неговите физички предиспозиции и изгледот, а потоа во предвид ги земал и лидерските квалитети.
– Одлуката за Вирџил беше исклучиво моја. Моравме да донесеме одлука и веднаш размислив на Ван Дајк. Сметам дека Вирџил е вистинскиот наследник за Хендо, а исто така го заменивме и Милнер со Арнолд.
– Вирџил поседува се што треба за да се биде капитен на еден фудбалски клуб. Тој е претставителен и прво и основно е капитенот кој ќе изгледа најдобро во Премиер лигата. Ќе изгледа навистина добро на тимските слики, но исто така, тука се и неговиот карактер и личноста. Тој сака да биде лидер, тој е роден за лидер и знае да истапи кога е потребно. Сега ќе треба да изградиме нова структура и нова култура во соблекувалната и тој ќе одигра клучна улога во креирањето на такво нешто, – изјави Клоп.
Comments