Клоп незадоволен од дел од своите играчи: Не знам до кога ќе трае ова
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека не е задоволен со изданието на голем дел од неговите игрчаи кои добија прилика за настап на натпреварот од Лига купот против Престон.
„Црвените“ стигнаа до посакуваната победа, но германскиот стратег не беше задоволен од изданието и потенцираше дека не знае до кога ќе трае ваквата ситуација во која играчите кои добиваат шанса во купот нема да ја користат.
Првата постава на Ливерпул дрма во Премиер лигата, меѓутоа резервите не играат на највисоко ниво, а тоа се покажа токму на натпреварот против второлигашот Престон.
– Не знам кога повторно ќе видиме ваков тим, треба да почекаме. Не ги носам одлуките две или три недели пред да играме во купот, но од ова што го видов не сум многу задоволен, -изјави Клоп.
Ливерпул стигна до победа од 2:0 против тимот на Престон, а головите за „црвените“ ги постигнаа Минамино и Ориги.
Comments