Search
Клоп најави заминувања од Ливерпул: Невозможно е во ваков тим сите да останат заедно
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
15.03.2022 Mart Vtornik
Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека се очекуваат доста заминувања од клубот во летниот преоден рок.
Германецот има склопено одличен тим во кој има и играчи кои помалку добиваат шанса за настап и токму тие играчи ќе си заминат од клубот кога трансфер прозорецот ќе се отвори во јуни.
– Невозможно е со толку голем состав кој го имаме сега, сите да останат заедно. Со сигурност некои од играчите кои не играат често ќе си заминат.
– Ќе видиме што ќе биде во летото, но со сигурност ќе најдеме решение за нив, но „срцето“ на тимот ќе остане заедно. Нема сомнеж за тоа, -изјави Клоп.
Дел од играчите кои се поврзуваат со заминување се Дивок Ориги, Роберто Фирмино, Такуми Минамино и Џејмс Милнер.

Comments