Клоп за „трансферот“ во Реал: Тоа го напишаа…
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
23.03.2026 Mart Ponedelnik
Германскиот фудбалски стартег, Јирген Клоп во изминатиов период доста е поврзуван со Реал Мадрид и тоа откако клубот одлучи да се раздели со Чаби Алонсо.
Во меѓувреме Алваро Арбелоа беше назначен за предводник за „кралевите“ најмногу до крајот на сезонава, меѓутоа тешко дека ќе остане на позицијата особено ако екипата остане со празни раце во Ла Лига и Лигата на шампионите. Клоп е искусно и докажано име, човек кој сега има извршна функција во Ред Бул што секако остана простор за шпекулации, гласини за кој токму некогашниот предводник на Ливерпул и Дортмунд проговори и ги расчисти сите дилеми околу преземањето на Реал.
-Тоа го напишаа истите идиоти. Тоа се глупости. Не ме повикаа ниту еднаш, ниту еднаш. Не му се јавија ниту на мојот агент, -порача Јирген кој сепак остава простор да води клуб/репрезентација во иднина.
-Секако сум доста напреден за живот на мои години, но како тренер, не сум целосно и апсолутно завршен. Сè уште не сум ја достигнал возраста за пензионирање. Кој знае што ќе се случи во наредните години. Но, ништо не е планирано во таа смисла, -истакна Германецот кој запрашан за можноста да биде селектор на Германија, кратко одговори:-Во моментов, очигледно воопшто не размислувам за тоа и за среќа нема причина за тоа, -заврши Јирген.






Comments