Клоп за настапот на зимското засилување: И мене ме изненади
Ливерпул ја потврди добрата форма и против Лестер каде славеше со 2-0 и со тоа не му дозволи на Манчестер Сити да направи поголема разлика на прволигашката табела. Двоен стрелец беше Диого Жота кој ја затресе мрежата на Шмајхел во 34 и 75 минута и со тоа заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот. Меѓутоа тренерот на „црвените“ беше изненаден од еден друг играч и тоа зимското засилување Луис Дијаз за кого ова беше прв старт и деби во Премиер лигата. -Ова е изненадување и за мене.Токму така изгледаше на тренинг сесијата, па помисливме добро зошто да не го пробаме? Само го пуштивме да игра, а тој секако не гледаше и му покажавме многу ситуации, ама изгледаше природно во многу моменти, морам да кажам. -Тоа е навистина брзо, тоа беше извонредно прво полувреме, навистина импресивно и тој беше вклучен во толку многу добри фудбалски моменти, навистина, навистина добра претстава, -порача Германецот.
Comments