top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Клоп за емотивната објава на разочараниот Салах: Повеќе се плашам од вас…..

Мохамед Салах секогаш е максимално искрен при обраќањето на социјалните мрежи и доцна во ноќта испрати емотивна порака, откако стана јасно дека неговиот Ливерпул ја загуби и последната надеж за пласман во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед го победи Челси со 4:1 и го завери пласманот во елитата, а со тоа автоматски Ливерпул остана без шанса да се бори за настап во Лигата на шампионите. Ова секако е голем удар за ѕвездите на Ливерпул кои навикнаа да бидат дел од најпрестижното натпреварување, а пораката на уништениот Салах експресно беше пренесена на драматичен начин од страна на англиските медиуми. Поради тоа, Јирген Клоп брзо се огласи на оваа тема, пришто се обиде да ги смири новинарите кои се обидуваат да ги извадат неговите зборовите од контекст. – Салах само опишал како се чувствува и тоа е сосема нормално. Иако знаев дека нема да имаме шанси по мечот со Астон Вила, сега и јас подвлеков дека тоа е завршена работа. Беше јасно дека Њукасл и Јунајтед ќе освојат по еден бод. – Сепак, јас го видов Салах во кантината пред еден час и беше навистина добар. Беше насмеан и немој да се грижите за него. Ни беше јасно дека ова не е сезона од соништата, повеќе ме плашат насловите кои ќе ги подготвите во медиумите за обраќањето на Салах. Направете ми услуга и дајте се од себе, – иронично порача Клоп.


1 view

留言


bottom of page