Клоп: Добро е да се знае вистината за фановите на Ливерпул
- Aleksandar Santovski
- Feb 15, 2023
- 1 min read
Навивачите на Ливерпул имаа големи проблеми при влезот на стадионот во Париз за време на финалето на Лигата на шампионите во кое нивниот тим се соочи со Реал Мадрид, по што делумно беа обвинети дека тие ги предизвикале инцидентите и стампедото. Првично, организаторите и УЕФА ги обвинија фановите на Ливерпул кои дошле пред стадионот без билети, за во официјалниот извештај одговорноста да биде префрлена на задолжените за обезбедувањето, односно на организациската структура составена од француските власти и УЕФА. Јирген Клоп на последната прес-конференција истакнал дека се радува што конечно била кажана вистината за фановите на Ливерпул, односно било потврдено дека тие не се виновни за неочекуваните проблеми во Париз. – Добро е што сега е официјално, претходно беа кажани многу работи за кои знаевме дека се погрешни.
– Тоа беа обични лаги.
– Сакам да им се заблагодарам на фановите што останаа смирени во ситуации во кои тешко се останува смирен. Притисок и туркања од сите страни, солзавец, а да не реагираш погрешно е навистина е голема работа. И уште да бидеш обвинет за целата ситуација е навистина ужасно. Се надевам дека лекциите се научени, – рекол Клоп.

Comments