Клоп ги издвои најголемите квалитети на фантастичното летно засилување
Јирген Клоп ова попладне го доби првото големо засилување за следната сезона, и тоа во името на актуелниот светски шампион, Алексис Мекалистер.
Играчот за врска на Брајтон одлучи да направи крупен чекор во својата кариера и потпиша за еден од најголемите клубови во Англија, што е само потврда за неговиот неверојатен раст во изминатите сезони.
Мекалистер беше многу важен играч за Аргентина во походот кој светската титула, а сега кариерата ќе продолжи да ја надградува на „Енфилд Роуд“ под водство на Јирген Клоп.
– Во нашиот тим добиваме многу талентирано, паметно и технички потковано момче и ова се супер вести за нас. Сметам дека не треба да го претставувам Алексис пред фудбалскиот свет, неговите квалитети се добро познати.
– Сепак, ќе го издвојам тоа што може да игра на неколку позиции во средниот ред, тој е играч за секоја позиција. Ќе ја издвојам и неговата смиреност и фудбалска интелигенција. Го паметам како младо момче кое пристигна во Премиер лигата, а сега стана светски шампион со својата земја, тоа е големо патување. Среќен сум што ќе соработувам со играч кој веќе има искуство, но кој само ќе се надоградува поради тоа што има само 24 години, – изјави Клоп.

Comments