Клинт Иствуд за тајните на долговечноста Не внесувајте висококалорични десерти и слатки пијалаци
21.06.2024 juni Petok
Иако има 93 години, Клинт Иствуд не се откажува од здравиот начин на живот. Тој во моментов дури и снима нов филм. Која е тајната на неговата долговечност? Ако го прашате Иствуд, шокантната загуба на неговиот татко, кој починал од срцев удар на 64-годишна возраст, променила сè. Тогаш сфатил дека здравјето е најголемото богатство.
– Никогаш не сум имал многу маснотии во крвта, отсекогаш сум внимавал на исхраната. Држете се настрана од јаглените хидрати, особено од висококалоричните десерти. Чувајте вага во бањата, земајте витамини и избегнувајте пијалаци полни со шеќер. Избегнувајте прекумерна консумација на алкохол – советува тој.
Синот на Иствуд, Скот, во интервју откри колку неговиот татко е посветен на диета и вежбање.
– Татко ми е машина. Тој ми покажа како да кревам тегови кога имав 14 години – објасни тој.
Иствуд е свесен дека неговото тело повеќе не може да го прави она што му било едноставно во младоста. Сега тој не прави ништо премногу тешко. Но сè уште игра голф и сака долги прошетки. Се радува на добар оброк и на читање нови сценарија. Иствуд исто така повеќе од 40 години практикува медитација.
Comments