top of page
Search

Кларк направи огромна глупост, Њукасл никако да победи

Updated: Dec 1, 2021

30.11.2021 Noemvri Vtornik

Њукасл останува единствен тим без победа во Премиер лигата и по 14 комплетирани рунди, бидејќи тимот кој го води Еди Хау не успеа да триумфира и во „дербито на дното“. Хау за првпат го водеше Њукасл на „Ст. Џејмс парк“ и се чинеше дека Норвич е добро сценарио за да се освојат првите три бода на натпревар оваа сезона, но всушност, оваа средба не можеше да тргне полошо за домаќините. Кларк направи огромна глупост во 9-та минута и ги остави своите соиграчи на цедило во наредните 80-тина минути, откако направи старт за директен црвен картон. Фудбалерот на Њукасл го собори Пуки и не му остави голем избор на главниот судија, по што стана јасно дека Њукасл ќе има исклучително тешка задача за да стигне до посакуваната цел. Домаќините сепак први стигнаа до водство со голот од пенал на Калум Вилсон во 61-та минута, но Пуки возврати со одличен волеј и ги постави конечните 1:1 во 79-та минута. Њукасл останува закован за дното со само седум бода по 14 кола, додека Норвич е 18-ти со три бода повеќе како што беше и пред ова коло.


1 view
bottom of page