КК Работнички ќе официјализира ново големо спонзорство
За кошаркарскиот клуб Работнички доаѓаат подобри денови, бидејќи овој легендарен спортски колектив обезбеди „ветер во грб“ на стартот од новото првенство.
До медиумите денеска беше дистрибуирана покана за официјално потпишување на договорот за спонзорство меѓу КК Работнички и компанијата „М Тел“, која е членка на групацијата „Телеком Србија“, што ќе се случи в сабота, на 8 октомври.
За оваа пригода во Скопје ќе дојде извршниот директор на „Мтел“, Марко Лопичиќ, а потписник во име на клубот ќе биде извршниот директор на КК Работнички Скопје, Горан Веселиновски.
На настанот е предвидено присуство и обраќање на генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лукиќ, на претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Comments