top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кијану Ривс сака уште еднаш да го глуми Џон Константин

Холивудскиот миленик Кијану Ривс откри дека се обидел да издејствува продолжение на „Константин“, но не успеал. 55-годишниот актер одлично се забавуваше во улога на лошото момче детективот Џон Константин во филмот од 2005 година, но призна дека во моментов немало никаков интерес да го видиме како го толкува ликот од стриповите по втор пат. Ривс беше гостин на популарното „Најт-шоу со Стивен Колбер“ во понеделникот вечерта за да го промовира „Матрикс: Воскреснувања“. Најновиот во сагата Матрикс, The Matrix Resurrections, пристигнува во кината следната недела, враќајќи го Ривс во улога што ја немал одиграно речиси 20 години. Во контекст на ова водителот го праша својот гостин дали има некој лик што сака да го глуми повторно, но не му е понудена улогата. „Би сакал повторно да го играм Џон Константин од филмот ‘Константин’“, рече Ривс. Водителот појасни: „Дали во моментов, на националната телевизија велиш дека си спремен да го глумиш Џон Константин и дека нема никој заинтересиран да го направи филмот?“ „Се обидов, Стивен. Би сакал да учествувам во таков проект“, рече Кијану. Комичарот Стивен потоа се пошегува дека сака да има камео-улога како мрзлив демон доколку се снима филмот. Во хорор/фантазијата од 2005 година, Кијану е антихерој кој со убивање демони треба да си го искупи патот до рајот и да го избегне пеколот. Минатата година режисерот Френсис Лоренс призна дека сака да направи продолжение на „Константин“.


3 views

Comments


bottom of page