Кијану Ривс првпат во ТВ-серија
- Aleksandar Santovski
- Aug 8, 2022
- 1 min read
Холивудскиот миленик Кијану Ривс на некое време го напушта големото платно за да се обиде во нешто ново, главна улога во телевизиска серија. Заедно со Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо, Ривс ќе биде извршен продуцент на претстојната серија на „Хулу“, Devil in the White City („Ѓавол во белиот град“), по сценарио на продуцентот на Castle Rock, Сем Шо, а во режија на Тод Филд, соопшти „Хулу“ во петокот. Врз основа на истоимениот бестселер од Ерик Ларсон, новата серија ја раскажува приказната за доктор Х. Х. Холмс, измамник и сериски убиец, кој го создаде опасниот Murder Castle (замок за убиства) на Светскиот саем во Чикаго во 1893 година, и Даниел Х. Бурнам, архитект и просторен планер, кој го револуционизира урбаниот пејзаж и помогна во развојот на раните облакодери. Актерот Џон Вик ќе го портретира брилијантниот Барнам, а иако Ди Каприо е извршен продуцент, не се очекува тој да се појави во серијата, пишува „Холивуд репортер“.


Kommentare