Кијану Ривс по Нова Година доаѓа во Србија
Холивудскиот глумец Кијану Ривс доаѓа во посета на Србија. Во Белград ќе пристигне на почетокот на Новата година, а посетата ќе биде од хуманитарен карактер. Ќе се обиде да им помогне парично на оние на кои им е потребна најголема помош. Планирано е да дојде во Белград на почеоткот на наредната година, пренесе „Курир.рс“. Ривс е косценарист и на стрипот BRZRKR на кој Србија, по Америка, е првата земја која ги има откупено правата, нешто што е големо изненадување за него, вели извор близок до него. „Кијану слушна убави зборови од негов колега кој снимал во нашата земја. Освен тоа има неколку пријатели на Балканот, а и е голем фан на Новак Ѓоковиќ. Неговиот стрип бил еден од најбараните изданија на неодамна одржаниот белградски Саем на книги“, рече изворот. „Посетата ќе трае неколку дена и тој сака да ги посети сите туристички атракции за кои има слушнато и прочитано. Тоа ќе биде приватна посета, но тој во договор со својот тим, еден ден ќе одвои за дружење и запознавање на фановите, кои ги има во огромен број“, додаде изворот. Како што наведува, Ривс посетата ќе ја искористи и парично да им помогне на оние на кои им е потребна помош. „Познато е дека Ривс најголем дел од парите ги дава во хуманитарни акции. Незгодно му е од тоа колку заработува. Им дава на сите, фановите, соработниците, болните за лечење. Донираше 70% од филмот „Матрикс“ за наоѓање лек за заболените од леукемија. Сигурно е дека и кај нас ќе остави многу пари на некоја организација или установа за која неговиот тим ќе процени дека е соодветна“, рече изворот. Стрипот BRZRKR е најскапиот квиз во историјата на една позната платформа, а истовремено е и најпродаваниот стрип серијал во последните 25 години. Објавен е на почетокот на септември и за само три дена се продадени 650.000 примероци. „Создавањето и учествувањето во пишувањето на стрипот беше многу возбудливо искуство, бидејќи обожавам стрипови уште од детството. Стриповите имаат значајно уметничко влијание низ целата моја кариера“, рече Ривс.
Comments