Кијану Ривс неочекувано се појави на моден настан во Лос Анџелес
Холивудскиот миленик Кијану Ривс ги изненади присутните кога сосема неочекувано се појави на доделувањето награди „Фешн Лос Анџелес авордс“ минатиот викенд. „Кој можеше да претпостави дека Кијану Ривс е модна икона?“, коментираа таблоидите додавајќи дека на настанот присуствувале и т.н. креаторки на вкусот, Гвинет Палтроу и Ким Кардашјан. Причината за неговото доаѓање е што меѓу наградените беше и неговата стилистка Џин Јанг, која се грижи и за изгледот на Џорџ Клуни, Роберт Дауни Јуниор, Џејми Дорнан, Теренс Хауард и многу други. Освен Јанг, признанија им беа доделени и на други истакнати личности во светот на модата. Наградите ги доделува модниот портал „Дејли фронт роу“. На настанот присуствуваа професионалци, кои придонесуваат за модата на посебен начин, од стилисти, фризери и шминкери до основачи на успешни брендови за облека и модни визионери специјализирани за прогнозирање трендови. Холивудска ѕвезда сè почесто излегува на специјални настани последните неколку месеци, а неодамна дури и јавно сподели нежности со својата долгогодишна партнерка Александра Грант на премиерата на „Џон Вик: Поглавје 4“.
Commentaires