Кијану Ривс на каскадерите им купил „ролекс“
Холивудскиот глумец Кијану Ривс на тимот каскадери што биле дел од неговиот последен филм „Џон Вик: поглавје 4“ им се заблагодарил на соработката со часовници „ролекс“, вредни 10.000 долари, објавија американските медиуми.
Ривс ги поканил на вечера бестрашните Брус Ли Концепшн, Џереми Маринас, Дејв Камарил и Ли Џианг и таму им ги врачил часовниците. На тој начин сакал да ја прослават последната клапа на филмот.
Ја избрал серијата на компанијата „Ролекс“, која на јавноста ѝ е претставена лани во септември, а еден часовник вреди 10.074 долари. На секој часовник напишал посебна посвета: „За петтемина од Џон Вик, ви благодарам, Кијану“.
Каскадерите објавиле фотографии од настанот на социјалните мрежи, опишувајќи ги снимањето и дружењето со Ривс како едно од најпосебните искуства во нивниот живот.
Comments