Кијану Ривс дава редок коментар за партнерката Александра Грант
Двојката е во врска од 2019 година, но нивното пријателство датира повеќе од една деценија. Кијану Ривс сподели редок увид во својата врска со Александра Грант. 58-годишната акциона ѕвезда неодамна во интервју за магазинот „Пипл“ се потсети на последниот момент на блаженство, како што рече, со 49-годишната уметница. „Пред неколку дена со мојата душичка“, рече Ривс за својата партнерка, со која е во врска четири години. „Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме, смеевме и се кикотевме. Се чувствувам одлично. Беше навистина убаво да сме заедно“, рече тој. Слаткиот миг понуди увид во и онака многу приватната врска на Ривс и Грант. Двојката излезе во јавноста со својата романса кога прошетаа на црвениот тепих фатени за рака на гала-свеченоста „ЛАКМА уметност и филм“ (LACMA Art + Film) во ноември 2019 година. Од тогаш беа видени заедно во Берлин, потоа на пазарување во Њујорк, а присуствуваа и на премиера на мјузикл на Бродвеј. Последен пат беа видени заедно во јавност во јуни 2022 година во Лос Анџелес додека присуствуваа на гала-настанот МОКА во Музејот на современата уметност. Додека ѕвездата на „Матрикс“ и визуелната уметница ја официјализираа својата врска пред речиси четири години, нивното пријателство датира повеќе од една деценија. Двајцата соработуваа на книгата „Ода на среќата“ од 2011 година и „Сенка“ од 2016 година, чиј автор е Ривс, а илустратор Грант.
Comentarios