КИЦ се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на пијаното
Културно-информативниот центар во Скопје се вклучува во одбележување на Светскиот ден на пијаното кој ќе се случи на 9 мај 2022 година, во (Салон 19:19) во 18 часот, со промоција на нови звуци, композиции од светски познати композитори, кои за првпат ќе бидат изведени кај нас. На сцената ќе зазвучат дела од Виталиј Неугасимов, Тимоти Браун, Брајан Филд, Мехрож Мухторов, Ратко Делорко, Алексеј Шор, Оскар Гигеле. Ќе биде одбележана годишнина, 150 години од раѓањето на Александар Скрјабин, а ќе зазвучат и бисери на класиката. Специјален гостин ќе биде современиот австриски композитор Оскар Гигеле, чие гостување е под покровителство на австриската амбасада во Скопје. Светскиот ден на пијаното е прослава на пијаното и сè што е поврзано со него. Овој ден ја слави музиката од минатото и ја промовира нејзината еволуција. Така, на овој ден, се собираме да го прославиме еден од најголемите инструменти на сите времиња. Денот на пијаното се одржува на 88. ден во годината (29 март или 28 март во престапна година) како прослава и повикување на 88-те клавиши на пијаното. Празникот е изум на германскиот музичар и композитор Нилс Фрам, кој е познат по комбинирањето на класичното пијано со електронската музика. Го воспоставува 2015 година „затоа што не е штета да се слави пијаното и сè околу него: изведувачи, композитори, градители на пијано, штимери и, најважно, слушателот“. Секоја година се одржуваат концерти, а неодамнешните локации вклучувајќи ги Москва, Аликанте, Хелсинки, Рен, Лидс, Мелбурн, Сакраменто, Копенхаген и многу други, се наведуваат годишно на веб-страницата на настанот. Преку Културно-информативниот центар – Скопје и нашиот град е вклучен во прославата на светскиот ден на пијаното. Настанот, кој се одбележува по шести пат кај нас, се одржува во организација на м-р Светлана Димитриевска, професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. На настанот ќе бидат доделени наградите за најнадежен млад пијанист од публика и од стручната комисија. Комисијата беше во состав: проф. д-р Марија Ѓошевска, м-р Даница Стојанова, м-р Светлана Димитриевска, м-р Марија Максимова и д-р Татјана Божиновска.
コメント