top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

КИЦ Битола со два меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона

КИЦ Битола со два меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона. Првиот од нив, насловен како „Птиците се враќаат“ е во организација на Културен и информативен центар Битола во соработка со Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и поддршка од Гете Институт – Скопје. Вечерва во 20.00 часот во Свечената сала на Офицерски дом, настапува виртуозното дуо на македонскиот музички номад Јордан Костов на хармоника и Андреас Гинтер од Германија на пијано. Вториот концерт кој ќе се случува на 30 август во 20.00 часот во Свечената сала на Офицерски дом во организација на Културен и информативен центар Битола на едно место собира една исклучителна меѓународна екипа на музичари, кои секој посебно претставуваат уметничка величина, а заедно ги зближува интересот и афинитетот кон root music или изворната музика на Јапонија и Македонија, доживеана низ уметничкиот сензибилитет на секој од нив, креирајќи единствена музичка форма, која се движи помеѓи традиција, амбиентална и world music, насловен како „Токио носталгија проект“. Оваа културна установа најавува богата есенска понуда.




1 view

Comments


bottom of page