top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

КИЦ „Битола“ – конкурс за „Ах, таа серенада – 2023“

Културниот и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 1.2.2023 до 31.3.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада, „Ах, таа серенада – 2023“. „Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање музика и пишување текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо-снимка во МП3-формат, аплициран текст и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса serenadakicbt@gmail.com. За изборот на композициите, неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ ‘Битола’. Ни избраните музички дела ќе им биде даден хонорар од 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари за аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите. Додаваат дека во корист на квалитетот на фестивалот организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори и ја задржува целосната контрола врз аранжманите поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари, кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот. Фестивалот „Ах, таа серенада – 2023“ ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола (плато) во рамките на „Бит-фест 2023“. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.4.2023.


2 views

Comments


bottom of page