Search
КИЦ Битола во знакот на „Интерфест“ 2023
Програмската агенда на КИЦ Битола втора недела во знакот на 32. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика, „Интерфест“ 2023 година. Почнувајќи од вечерва, во организација на Македонското научно друштво од Битола, тематска вечер со наслов: „’Интерфест’ – тридецениски културен белег на Битола“. Веќе на 10 октомври концерт на Луиџи Санто – труба и Даниела Џентиле – пијано. Четвртокот е резервиран за свеченото затворање на „Интерфест 2023“, со настап на Гернот Винишховер – виолина, Австрија, Денис Јаврорскиј – пијано, Украина.
コメント