Search
Кисум ќе го носи дресот на Пелистер и во наредната сезона
Данскиот интернационалец, Каспер Кисум ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер и во натпреварувачката 2023/2024.
Левиот бек кој пристигна во Битола на почетокот на годината ја прифатил понудата од македонскиот првак и уште најмалку една кампања ќе биде дел од нашиот прволигаш.
Кисум е играч кој има сериозно искуство со настапи во неговата татковина, Германија и Франција, па дефинитивно ќе биде од голема помош при настапот во ЛШ.
Кога се во прашање пак новите имиња Пелистер засега само го има потврдено ангажманот на Нејц Цехте.
Comments