Кирјос ја побара ветената вечера од Ѓоковиќ, Новак му одговори
Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос играа во големото финале на Вимблдон кое заврши каде подобриот, поискусниот кој дојде до седмиот трофеј во Лондон или вкупно 21 грен слем во кариерата.
Двајцата беа насмеани, имаа позитивен разговор што е сосема поинаква слика со оглед на тоа што тие во минатото не се мирисаа, па затоа оваа голема промена е интересна за пошироката јавност.
Ник не го заборави ветувањето за вечера и го прозва Србинот на социјалните мрежи.
-Каде е мојата вечера, -праша тенисерот од Австралија на што доби одговор од српскиот ас.
-Извини брат. Се јавив во сите ресторани во Лондон во неделата навечер и немаше достапни маси. Плаќам вечера во Њујорк, -порача Новак.
Последниот дел од одговорот на Новак е интересен, бидејќи како што стојат работите нема да можеме да го видиме на Ју-Ес Опен во Њујорк. Причината е вакцинацијата што ја бараат американските власти за секој странски државјанин.
Comments