Кирјос: Ѓоковиќ на Австралија Опен? Се надевам…
Секоја нова година се отвара, започнува со грен слемот во Мелбурн популарниот Австралија Опен, турнир на кој во оваа 2022 година видовме вистински циркус кога станува збор за Новак Ѓоковиќ.
Србинот се најде во многу тешка ситуација, мина низ една драма за да на крајот биде депортиран од властите. Сега одново се ближиме кон тој период и останува неизвесно дали Ноле ќе добие зелено светлно, односно дали е може да земе учество првиот грен слем во 2023 година.
Ник Кирјос како домашен играч се надева дека Ѓоковиќ ќе го добие вистинскиот третман, поточно ќе му биде овозможено да игра на турнирот на кој има оставрено многу успеси.
-Се надевам дека ќе дојде. Се надевам поради спортот. Видовме како заминува легенда (Федерер) и тоа веќе е момент кога никој не може да го пополни тоа празно место. Додека Новак и Рафаел Надал се тука, тие тенисери мора да ги имаме на Австралија Опен. Сакаме овде да ги видиме најдобрите тенисери. Сакам да се натпреварувам и сакам да го видам Новак, -вели Ник и додава:
-Тој е една од причините за тоа што играм. Како дете сакав да ги видам најдобрите тенисери на најдобрите стадиони. Па се надевам дека ќе биде таму. Имаше многу тежок период во последните девет месеци и не можеше да игра каде што сакаше. Се надевам дека Австралија ќе го пречека со раширени раце, -заклучи Кирјос.
Comments