top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кирјос: Со Ѓоковиќ би играл жмурка на пуст остров

Ник Кирјос e едно од имињата од новата тениска генерација, име од кое многу се очекуваше, односно се веруваше дека може да биде на самиот врв, па и да замени, наследи некој од Рожер Федерер, Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ.

Меѓутоа и покрај големиот талент, квалитет, рекетот од Австралија има проблеми со фокусот и не е постојан во своите настапи и повеќе е во центарот на вниманието поради контроверзни работи или сосема нешто друго кое не е поврзано со белиот спорт. Ама без разлика на се тој и понатаму е интересен за јавноста затоа што е директен и без влакна на јазикот, па во својата последна комуникација со фановите имаше можност да одговори на различни прашања.

Меѓу истите беше и што би направил ако би бил заробен на пуст остров со Новак Ѓоковиќ. Кирјос не е некој фан на Србинот, па кратко одговори:

-Би играл жмурка (криенка) со него, -рече Австралиецот кој го издвои и најтешките противници на теренот.

-Најтешко ми беше против Енди Мари и Кеи Нишикори, -порача Ник.


1 view

Comments


bottom of page