top of page
Search

Кирјос со сериозен заклучок по финалето на Вимблдон: Го сакам Ѓоковиќ, но првпат може да кажеме……. (Фото)

15.07.2024 Juli Ponedelnik

Ник Кирјос прерасна во најголем фан на Новак Ѓоковиќ во последните две-три години, а на годинешното издание на Вимблдон доста често беше и негов спаринг-партнер на тренинзите.

Австралискиот тенисер беше убеден дека Србинот уште еднаш ќе ја покаже цела своја умешност на Центарлниот терен во Ол Ингланд клубот, но откако неговата прогноза пропадна во вода, Кирјос излезе со еден доста сериозен заклучок на социјалните мрежи.

Карлос Алкарас одигра страшен тенис во финалето и не му даде никаква шанса на седумкратниот шампион на Вимблдон, па воодушевен остана и Ник кој навиваше за Ноле.

Во своето кратко резиме кое го направи на социјалните мрежи, Кирјос со неколку збора го опиша изданието на Шпанецот, но најави дека ова можеби е и дефинитивна најава за смена на генерација во машкиот тенис.

– Уау. Го сакам Ѓоковиќ, нова можеби е првпат кога можеме да кажеме „смена на генерации“?!?!, – порача Кирјос.





1 view

Comments


bottom of page