Search
Кирјос прв потпиша со спортската агенција на Осака
ТЕНИС
Ник Кирјос стана првиот спортист што се приклучи на „Иволв“, новата спортска агенција, кооснована од четирикратната гранслем-шампионка Наоми Осака, која ја лансира агенцијата со долгогодишниот агент Стјуарт Дугуид, објави „Ројтерс“. „Иволв“ се опишува себеси како повеќеслојна агенција фокусирана на партнерства со брендови, инвестирање, создавање бизниси во сопственост на спортисти и филантропија. – Кирјос ги отелотворува типовите спортисти со кои сакаме да работиме во Иволв. Тој има неспоредлив стил, страст и личност што не е слична на сите други во спортот. Имаме некои големи работи за него, кои се многу уникатни и пионерски – изјави Осака за веб-страницата за спортскиот бизнис „Боардрум“.
Comments