Кирјос: Му се враќам на тенисот со само една цел, само така ќе им ја затнам устата на критичарите
14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik
Ник Кирјос се истакна во улога на коментатор во последните две години, а во ситуација кога одигра само еден компетитивен меч во споменатиот период, многумина сметаа дека кариерата на Австралиецот е пред самиот крај.
Испровоциран од овие натписи, „лошото момче“ сега излезе со најнова вест за своите тениски планови, кои според него се тесно поврзани со натпреварување на највисоко ниво со стартот од 2025-та година.
Кирјос најави дека ќе се врати на теренот и дека ќе учествува на турнирите во Абу Даби, што всушност ќе биде загревање за настап на Аустралијан Опен, домашниот грен слем турнир.
– Се враќам на тенисот, бидејќи нешто постојано ме држи блиску до оваа игра. Постојано бев околу и сега ќе се вратам на теренот, – изјави Кирјос, кој во изминатите две години имаше низа проблеми со коленото, стапалото и зглобот.
– Имам победено голем број од тенисерите кои моментално се пред мене, имам играно во финале на грен слем турнир, а и освоив титула во игра на двојки на грен слем. Освоив многу титули и многу пари, но сега се враќам со една јасна цел. Му се враќам на тенисот за да освојам грен слем турнир во поединечна конкуренција, само така ќе им ја затнам устата на критичарите. Тоа ќе биде мојата најголема мотивација при враќањето на теренот, – изјави Кирјос.
Comments