top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кирјос му одговори на Ѓоковиќ: Наместо да ми бидеш тренер…. (Фото)

Понесен од емоциите по првата победа во Бања Лука, Новак Ѓоковиќ испрати интересен предлог до позната адреса, односно предложи да му биде тренер на Ник Кирјос кој е познат по тоа што не сака да слуша совети од никого. Австралиецот е без тренер во цела своја играчка кариера како професионалец и ниту еднаш не се осуди да побара помош од некое познато тренерско име, а Новак е убеден дека ако се приклучи во штабот на Ник, ќе му помогне да освои пет грен слем титули. Оваа порака на светскиот рекет број еден од Бања Лука брзо се прошири и на социјалните мрежи, а таму пристигна одговор и од Кирјос кој во последните 15 месеци значително го поправи односот со Србинот. Најголемиот критичар се претвори во добар пријател на Новак, а како одговор на неговиот предлог, му порача на Србинот конечно да отидат на вечера и да испијат неколку пијачки. – Хахахахха….. Подобро да одиме на убава вечера и да имаме неколку пијачки, – одговори Кирјос.



0 views

Comments


bottom of page