top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кирјос: Ме вадеа од паб во четири часот наутро за да играм против Надал

Ник Кирјос продолжува да ниже победи и да напредува на Вимблдон со тоа што последната ја оствари над Брендон Накашима кого го совлада со 3-2 во сетови (4:6, 6:4, 7:6 (2), 3:6, 6:2) Ова беше триумф со кој тенисерот од Австралија дојде до четвртфиналето каде ќе се соочи со Кристијан Гарин. Со овој резултат Ник само потврди дека се наоѓа во одлична форма, па ја искористи приликата да посочи низ што минал во изминатиов период, години за да дојде до тука. -Не размислувам за освојување трофеј, ниту за пласман во полуфинале или финале. Се концентрирам на секојдневните обврски и навики, се трудам да покажам добар настап на теренот, тренирам и бидам позитивен. Надвор од теренот поминувам време со мојот тим и мојата девојка, во што навистина уживам, а потоа влегувам во ритам на игра. Не размислувам за ништо однапред, но се трудам да бидам присутен во секој момент, -рече Ник и додаде: -Во еден момент бев принуден да напуштам паб во четири часот наутро за да одиграм меч од второто коло со Надал. Мојот агент мораше да дојде и буквално да ме извади од таму во четири часот наутро, ноќта пред мојот натпревар на Централниот терен на Вимблдон. Направив многу напредок, тоа е сигурно. Мислам дека на тоа пресудно влијаеше секојдневната рутина и луѓето со кои сум опкружена. -Имам исклучителен систем за поддршка. Мојот физиотерапевт е еден од моите најдобри пријатели. Мојот најдобар пријател е мојот агент. Ја имам најдобрата девојка на светот. Опкружен сум со толку многу луѓе кои ми даваат поддршка. Се сеќавам на мрачните времиња во кои сите ги оттурнав од себе. Сега сум во четвртфиналето на Вимблдон. Се собрав, созреав, имам одлична средина, многу сум среќен поради сето тоа. Се чувствувам удобно во своја кожа, -порача Австралиецот кој воедно повторно го прекрши правилата кога се во прашање стандардните за облекување.


1 view

Comments


bottom of page