Кирјос изведе неверојатен удар на стартот на Мајами, дури и сам не можеше да поверува што направи
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2022
- 1 min read
Мастерсот во Мајами започна со натпреварите од првото коло, во кое видовме еден навистина интересен и возбудлив меч меѓу тенисери кои заслужуваат далеку подобар ранкинг од тоа што го прикажуваат.
Пресметката меѓу Ник Кирјос и Андриан Манарино дефинитивно го привлече вниманието на стартот на Мастерс турнирот од серијата 1000 во Мајами, а најатрактивниот потег му припадна на Австралиецот.
Првиот сет беше решен во тајбрејкот, а разликата Ник почна да ја прави добивајќи еден неверојатен поен откако изведен ритерн за најавните шпици.
Кирјос одговори со страшен агол со бекхенд по еден одличен сервис на Манарино, па покрај што го остави противникот закован за место, се изненади и самиот себеси од чудесниот удар.
Ник го доби тајбрејкот со 7:3, додека во вториот сет направи еден брејк и славеше со 6:3.

Comments