Search
Кипар ја изненади Австрија во мечот од нашата група за пласман на ЕП
27.08.2026 Avgust Cetvrtok
Кипар ја изненади Австрија и славеше со 77:72 во првиот меч од втората претквалификациска фаза за Европското првенство во 2029 година.
Австрија е ривалот на Македонија на неделниот натпревар што ќе се одигра во Виена, а овој денешен резултат покажува дека со добра и квалитетна игра можеме да дојдеме до победа.
Австријците водеа со 5 разлика по првото полувреме (41:36), но по паузата имаше проблеми со реализацијата, уфрли само 31 поен за 20 минути, домаќините тоа го искористија, направија пресврт и запишаа голем триумф.
Тикас со 25 поени беше прв стрелец кај победникот, Мбемба за поразените уфрли 19 кошеви.







Comments