top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кинотеката на Македонија е дел од проектот „ФилмЕД“

08.04.2024 April Ponedelnik

Кинотеката на Македонија годинава е дел од проектот „ФилмЕД“, чија цел е да развива и имплементира тренинг-програми за наставници и едукатори што ќе стекнат знаење и практика за спроведување филмска едукација во наставни цели. Координатор на проектот е институтот „Гете“ во Прага, Чешка, а партнери во реализацијата на проектот, покрај Кинотеката на Македонија и институтот „Гете“ во Скопје, се и центарот за филмска култура „Анджеј Вајда“ од Полска, Националниот филмски институт – Филмски архив на Унгарија и „Кино Усмев“ од Словачка. Сите партнери во проектот се од земји во централноисточниот и југоисточниот дел на Европа, регион што се соочува со заеднички предизвици и во кој филмското образование во моментов има релативно мала застапеност.

– Проектот „ФилмЕД“ цели на малите и средните културни и образовни организации што работат со аудиовизуелни добра и има цел да помогне во зголемувањето на нивните капацитети, да ги поддржи во споделување на својата аудиовизуелна експертиза со едукатори и наставници и на крајот да им овозможи да развијат и да понудат сопствена обука за ширење на филмската култура. Најголемиот предизвик во остварувањето на овие цели е отсуството на знаења и насоки, како и недостигот од практична обука на едукаторите и наставниците што би можеле да го вметнат филмско образование во своите образовни програми. Со воведувањето на филмската едукација и конкретни филмските практики, проектот „ФилмЕД“ ќе овозможи да се развие нова и пред сѐ млада публика што преку промоцијата на европскиот филм ќе има можност да се запознае со европското филмско наследство – велат од Кинотеката.

„ФилмЕД“ веќе започна со работа во институтот „Гете“ во Прага, каде што беше презентирана филмската работилницата „Филмеј“, која од септември до крајот на годинава треба да се реализира во Кинотеката на Македонија.


0 views

Comments


bottom of page